Руската блокада на милиони тони украинско жито е „вистинско воено злосторство“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
– Незамисливо е – незамисливо е милиони тони пченица да останат блокирани во Украина, додека остатокот од светот гладува, изјави Борељ, пренесува Би-би-си.
Ја повикуваме Русија да ги деблокира украинските пристаништа.
Министрите за надворешни работи на ЕУ се состануваат за да разговараат за кризата, а западните земји бараат од Русија да престане да ги блокира пристаништата на Украина во Црното Море и да дозволи огромните залихи на жито да стигнат до светските пазари.
Блокадата предизвика предупредувања дека десетици милиони луѓе се во опасност од глад и ги зголеми цените на храната.