Најчевска за вчерашниот протест: На толку народ да бев на местото од СДСМ ќе се замислев

Професорката Мирјана Најчевска реагира на „оценките“ на владејачката СДСМ дека синоќешниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ, бил неуспешен, дека пропаднал, а според некои медиуми блиски до власта и дека бил „издишан“.

„Не ми е јасно што значи неуспешен протест.

Незвисно од глупостите кои ги слушнавме од говорниците, дошле луѓе кои од нешто се незадоволни.

Нешто ги мачи и нешто сакаат да променат.

Треба да се види што е тоа. Дали има реална основа. Дали може и треба нешто да се промени.

Не беше на улица сам Мицковски

.На улица беа илјадници граѓани кои сакаа нешто да кажат.

Јас би се замислила.

И би ги слушнала што кажуваат. И би одговорила“, објави Најчевска на Фејсбук.

П
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа