НАТО ГО ПОДГОТВУВА ПЕКОЛНИОТ ПЛАН ЗА РУСИЈА: Пандорината кутија се отвора во Мадрид, вмешана Кина?

Претстојниот самит на НАТО ќе се одржи во Мадрид.

Учесниците на претстојниот самит ќе објават дека Русија повеќе не е партнер на Алијансата, туку „закана за мирот и стабилноста“ , изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Ќе изјавиме дека Русија повеќе не е партнер, туку закана за нашата безбедност, како и за мирот и стабилноста – рече тој во интервју за таблоидот „Билд ам Зонтаг“. Според него, во новиот стратешки концепт на НАТО ќе се спомене и Кина, чие зајакнување претставува предизвик за интересите, вредностите и безбедноста на НАТО.

Столтенберг претходно изјави дека новата стратегија на НАТО нема да ја гледа Русија како стратешки партнер. Русија е идентификувана како стратешки партнер во сегашната стратегија на Алијансата, усвоена во 2010 година.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа