ЛАВРОВ ПРЕСЕЧЕ БРИТАНСКИ НОВИНАР! Го прекина во половина реченица и рече: Воопшто не ми е гајле! ВИДЕО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е искусен и на моменти тежок соговорник, што го доживеа и новинарот на Би-Би-Си, Стивен Розенберг, кој разговараше со министерот.

Во интервју за Би-Би-Си , Лавров рече дека Русија не ја нападна Украина, туку прогласи специјална воена операција бидејќи нема апсолутно никаков друг начин да му објасни на Западот дека вовлекувањето на Украина во НАТО е злосторство.

Интервјуто на рускиот министер за надворешни работи привлече големо внимание кај светската јавност, но и кај корисниците на социјалните мрежи кои пронајдоа интересен момент.

Имено, Розенберг во еден момент допрел и двајца заробени Британци кои судот во Донбас ги осудил на смрт како платеници, заедно со еден Мароканец.

Розенберг истакна дека „во очите на Западот, Русија е одговорна за судбината на заробените странци“, на што Лавров го прекина среде реченица и одговори:

„Воопшто не ме интересираат очите на Западот. Ме интересираат само меѓународното право. Според меѓународното право, платениците немаат исти права како војниците. Значи, што и да е во очите на Западот, да биде искрен – не е важно“, рече тој.

Кога новинарот му кажал дека тие не се платеници, туку дека служеле во украинската војска, Лавров рекол дека нивната судбина е во рацете на судот.

Зборувајќи за „специјалната воена операција“ во Украина, Лавров рече дека Русија не е „безгрешна“, но дека не се срами да биде тоа што е.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа