СЕ ЗАКАНУВА ЕКСКАЛАЦИЈА НА КОНФЛИКТ?! Столтенберг итно најави од самитот во Брисел: Испраќаме ТЕШКО ОРУЖЈЕ во Украина

97
На самитот во Брисел се очекува договор за нов пакет помош





Исклучително сме фокусирани на зајакнување на поддршката за Киев , тврди генералниот секретар на Алијансата. На самитот во Брисел се очекува договор за нов пакет помош. 

Војната во Украина, односно продолжувањето на помошта за властите во Киев и проширувањето на Алијансата се двете главни теми кои доминираат на самитот на НАТО што завршува денеска во Брисел.

Со состанокот, кој се одржува на ниво на министри за одбрана на 30 земји-членки, претседава Лојд Остин, шефот на Пентагон.

Меморандум за здружување

Во пресрет на почетокот на средбата, како што јави Би-би-си, Јенс Столтенберг, генералниот секретар на Алијансата и се обрати на јавноста, велејќи дека НАТО ќе продолжи да испраќа тешко оружје во Украина.

– Украина е во критична ситуација, поради што и е потребна итна помош. Ќе продолжиме да и испраќаме тешко оружје и системи со долг дострел. „Исклучително сме фокусирани на зајакнување на поддршката за Киев“, рече Столтенберг, најавувајќи нов пакет воена помош за украинските власти.

Блокадата ќе трае долго: Ердоган нема да се откаже

Британски Гардијан наведува дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нема да попушти и дека е подготвен повеќе од една година да го блокира проширувањето на НАТО и влезот на Шведска и Финска во Алијансата.

Ердоган мора да добие гаранции дека властите во Стокхолм и Хелсинки ќе се справуваат со курдските групи кои Турција ги смета за терористички организации.

Ова е прашање што може да го наруши самитот на НАТО во Мадрид на 29 јуни, пишува Гардијан.

Турција ги обвинува Шведска и Финска дека кријат членови на Курдистанската работничка партија (ПКК) и бара укинување на одлуката од 2019 година за забрана на Анкара да увезува оружје поради турските воени операции во Сирија.

– Турција е втора по големина армија во НАТО и обезбедува беспилотни летала кои и помагаат на Украина да се одбрани. Заслужуваме повеќе почит. Турција ги почитува сопствените обврски и одговорности кон алијансата. Што ќе направат Шведска и Финска? Тие криеја терористички организации кои го убиваат мојот народ, не ги почитуваат моите граници, претставуваат егзистенцијална закана за мојата земја. Се што бараме е да нема разлика. Терористичката организација е терористичка организација, рече Акиф Чагатаи Килиќ од владејачката Партија на правдата и развојот, кој е и претседател на парламентарната комисија за надворешни работи.

– Украина е во критична ситуација, поради што и е потребна итна помош. Ќе продолжиме да и испраќаме тешко оружје и системи со долг дострел. „Исклучително сме фокусирани на зајакнување на поддршката за Киев“, рече Столтенберг, најавувајќи нов пакет воена помош за украинските власти.

Поранешниот норвешки премиер истакна и дека Русија го напуштила основачкиот акт НАТО-Русија. Според условите на основачкиот договор потпишан во Париз во мај 1997 година, двете страни ветија дека „заедно ќе градат траен и инклузивен мир во евроатлантската област“.

– Според договорот од 1997 година, НАТО не е ограничен на зголемување на присуството во Источна Европа, изјави Столтенберг. Основачкиот договор на НАТО содржи член пет, кој смета дека нападот врз една земја членка е напад врз сите земји во Алијансата.