„ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ЈА ИДАВААТ УКРАИНА“ Британците навредени за Шолц и Макрон, велат дека преговараат со Путин
Како што забележа колумнистот, шефовите на двете западноевропски земји – Олаф Шолц и Емануел Макрон – преговараат со рускиот претседател Владимир Путин и во исто време ги намалуваат сопствените напори за поддршка на Киев .
– Помина толку време, а Берлин се уште не испрати сериозно оружје за украинските вооружени сили – потсети Снел.
– Пред еден месец Германците најавија испорака на 50 противвоздушни пушки „Флакпанзер гепард“ и хаубици од 155 милиметри , но тие сè уште не се испратени во зоната на конфликтот – прецизира колумнистот.
Набљудувачот го цитира и весникот „Велт“, кој добил пристап до информации од кругови на украинската влада кои покажуваат дека Берлин „намерно“ го намалил извозот на муниција .