Левица изгледа ќе ја протури СДСМ на следи избори! Апасиев со поголем рејтинг од Таче на последната анкета

683
ИДЕМООО… БРЕ!
Ги гледам резултатите од најновото испитување на јавното мислење спроведено од “Ипсос” и веднаш во очи ми паѓа бројката дека лидерот на опозицијата Христијан Мицковски ужива најголема доверба кај македонските граѓани, дури пет пати повеќе во однос на претседателот на македонската Влада Димитар Ковачевски, кој ужива помалку доверба кај македонските граѓани дури и од Димитар Апасиев.
Резултатите од анкетата, кога станува збор за партијските рејтинзи исто така се поразителни за власта.
Затоа сосема оправдано се поставува прашањето зошто при ваква поставеност на резултатите, во време кога опозицијата предводена од Христијан Мицковски отвара фронт против власта, во исто време власта, нејзините прислужни елементи и криминалното политичко подземје отвараат фронт против Христијан Мицковски?
Мислам дека одговорот на оваа прашање ќе ве одведе право на митингот пред Владата на 18.06.2022 година со почеток во 20 часот.
П.С. Без оглед на нели тврдиот став на власта, анализата на состојбите покажува дека работите стојат сосема поинаку и дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се во таква позиција да можат да донесат одлука дали треба дополнително да се притисне власта и кон крајот на годината да се оди на избори.
Но, со оглед на катастрофалната состојба во државата кога станува збор за сите сфери на општественото живеење ВМРО ДПМНЕ исто така може да го продолжи притисокот,
но и да остави власта да се удави во настапувачката сопфатна криза, заради тоа што повеќе од сигурно е дека истата нема капацитет да се справи со кризата од една страна и од друга страна неподносливата неспособност и ароганција која секојдневно ја демонстрираат и не дава некоја надеж дека работите ќе се променат на подобро.
Kако резултат на тоа во некое блиско идно време ВМРО ДПМНЕ би можело само да се прошета на изборите.
Ова би требало да ви го напишам после митингот, но еве однапред го преземам ризикот за предвреме изнесениот став во јавноста.
Слика може припадати 1 особа и текст

 

K