Ќе ни ги праќаат децата да гинат за туѓи интереси? Македонија ќе испраќа војници на Источниот фронт на НАТО?!

603

Македонските војници најверојатно ќе бидат распоредени во постојаниот контингент на источното крило на НАТО, дознава Инфомакс од неофицијални извори.



При последното заседание на воениот комитет на НАТО на кој што присуствуваше и началникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски една од точките на кои се разговарало е креирање на одбранбена стратегија на НАТО во однос на потенцијална руска агресија која би се проширила кон државите од источното крило на Алијансата.



 



Сепак станува збор за предлог стратегија имајќи ја во предвид советодавната улога на Воениот комитет во кој членуваат началниците на генералштабови на земјите членки на НАТО.

Одлуката за прифаќање или одбивање на оваа стратегија на Воениот комитет на НАТО ќе мора да се донесе на министерскиот совет на Алијансата кој треба да се одржи наредниот месеци во Мадрид, Шпанија.

Со состанокот раководеше претседавачот на ВК адмирал Роб Бауер, а на состанокот учествуваа и врховните команданти на Сојузничките сили во Европа и на Сојузничките сили за трансформација, генералите Тод Вотерс и Филип Лавињ.

Од кабинетот на претседателот и врховен командант на вооружените сили на Македонија, Стево Пендаровски за редакцијата на Инфомакс ниту потврдуваат, ниту демантираат дали ќе се распоредуваат македонски војници во Источна Европа.

-Во врска со вашето прашање ве информираме дека сме во постојана координација со НАТО сојузниците и одлуките кои ќе се донесат ќе бидат првенствено во наш државен интерес, а имајќи ги предвид и нашите позиции како НАТО членка.
Во моментов не би можеле да даваме информации за тековни оперативни консултации, велат од кабинетот.

Од АРМ пак велат дека улогата на Воениот Комитет е советодавна и секоја одлука за распоредување на нови трупи во Европа би се носела на самитот во Мадрид, притоа истакнувајќи дека разговорите и стратегиите на Воениот Комитет се класифицирани.

-Почитувани
Согласно законските надлежности на Началникот на Генералштабот во однос на донесување овој вид одлуки, Ве информираме дека таквите стратегиски одлуки се во надлежност на државното раководство. Армијата на Република Северна Македонија согласно своите надлежности ги операционализира и спроведува одлуките кои се донесени од државното раководство, велат од АРМ.

Претходно Инфомакс објави дека Летонија, Литванија и Естонија активно бараат засилено присуство на НАТО во Источна Европа поради тековниот конфликт во Украина, повикувајќи се на извори на „Вашингтон пост“, цитирајќи заеднички предлог на трите нации до кој дојде медиумот.

Силите со големина на дивизија од околу 20.000 војници треба да бидат ставени на подготвеност за брзо распоредување во која било од нациите доколку се појави закана, се вели во документот што не е официјално објавен во јавноста, според Вашингтон пост.

Балтичките земји ја наведуваат потенцијалната закана од Москва како причина за зголемувањето на бројот на трупи. „Русија може брзо да активира огромни воени потенцијали против источната граница на НАТО и Алијансата да се соочи со кратка војна “, се вели во документот, додавајќи дека „не може да се исклучи директната воена агресија на Русија против сојузниците во НАТО“.

Предлогот вклучува зголемување на присуството на воениот блок во секоја од трите нации на 6.000 војници, од 2.000 што беа стационирани таму пред почетокот на руската воена операција во Украина во февруари. Илјадници дополнителни војници, вклучително и единици за „овозможување“ кои ќе обезбедуваат противвоздушна одбрана и други форми на заштита треба да бидат на готовост на друго место за да им помогнат на нациите во случај на криза.

Секоја од балтичките земји, исто така, треба да смести воена опрема на НАТО доволна за целосна дивизија на војници од 20.000 луѓе, доколку воениот блок го одобри планот.