ПУТИН ЗАГРМЕ! ЌЕ ИСЧЕЗНАТ ДВЕ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА? РУСИЈА ОБЈАВИ ЗАКАНУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Еден чекор може да доведе до нуклеарна војна

21
Откако полскиот пратеник во Европскиот парламент изјави дека Западот треба да и даде на Украина се што и е потребно за одбрана, шефот на рускиот парламент предупреди дека големи делови од Европа ќе „исчезнат“ во нуклеарната војна.





Одговарајќи на говорот на поранешниот полски министер за надворешни работи Радослав Сикорски,  висок руски политичар предупреди дека делови од Европа може да „исчезнат“ при нуклеарен напад . Сикорски, кој сега е член на Европскиот парламент,  предложи НАТО да и снабди на Украина нуклеарни боеви глави,  пишува Дејли Стар.

Тој за украинскиот информативен канал Еспресо ТВ изјави дека Западот треба да има право да и даде нуклеарни боеви глави на Украина, доколку тоа е она што е потребно за да се заштити нејзината независност. Но, во лут одговор, Вјачеслав Володин, шеф на руската Државна дума, предупреди дека  ако западните влади му дадат нуклеарно оружје на Киев, тоа ќе доведе до нуклеарна војна во срцето на Европа и дека Полска и Украина може да „исчезнат“.

За време на советската ера, нуклеарни проектили беа стационирани во Украина, но сите беа отстранети според условите од договорот од 1994 година. Во Будимпештанскиот меморандум се наведува дека ниту една земја не смее да користи нуклеарно оружје против Украина „освен за самоодбрана или на друг начин во согласност со Повелбата на Обединетите нации“.

Според Сикорски, Русија сега го „прекршила меморандумот“ и затоа е  легитимно Западот да и даде на Украина, како што ја нарекува, „можност да ја брани својата независност“. Реагирајќи на својот канал Телеграм, Володин напиша дека Европа наскоро ќе има „многу посериозни проблеми“ од сегашната финансиска, енергетска и бегалска криза.

– Сикорски предизвикува нуклеарен конфликт во центарот на Европа. Тој не размислува за иднината на Украина или Полска. Доколку се спроведат неговите предлози, овие земји ќе исчезнат, како и Европа. Сикорски треба да го прегледа психијатар, да си даде отказ и да остане дома под надзор. Поради луѓе како Сикорски, неопходно е да се ослободи Украина не само од нацистичката идеологија, туку и да се демилитаризира, обезбедувајќи и ненуклеарен статус – рече Володин.

Најголемата битка во Украина моментално се води околу градот Северодонецк. Сите три моста од градот беа уништени, оставајќи заробени украински борци и цивили. Руските сили, користејќи масовни артилериски и ракетни напади, ги истуркаа украинските војници од центарот на градот, но двете страни жестоко се борат за „буквално секој агол“!