Нова провокација на Џамбаски: Нема југословените веќе да го газат споменот на бугарските херои во Македонија Треба да биде јасно дека до 1945 година немало македонска нација. Дотогаш Македонија се сфаќаше како географски концепт кој беше дел од бугарската етничка земја

Ангел Џамбазки

📜 Денес го славиме Светиот Дух. За #Бугарија и милиони Бугари ова е Денот на #Македонија. Ден на почит на оние кои загинаа за нејзината слобода. Ден за будење на бугарската национална меморија и сеќавање на заедничкиот идеал.
‼️ Длабока почит на илјадниците мажи и жени кои ги дадоа своите животи за ослободување на Македонија и обединување на Татковината!
➡️ По децениски залудно потрошени можности, денес ние Бугарите конечно мораме да го следиме националниот интерес. Нема да дозволиме југоносталгичарите да го газат споменот на нашите херои. Треба да биде јасно дека до 1945 година немало македонска нација. Дотогаш Македонија се сфаќаше како географски концепт кој беше дел од бугарската етничка земја. За нас е важно братска Македонија да биде дел од Европската Унија, тогаш нема да има граница меѓу Охрид и Црното Море. Но, тоа не може да биде по цена на нашиот национален интерес и на грбот на сеќавањето на илјадниците кои ги оставија своите животи на овие земји.
🇧🇬🇲🇰 Да живее обединетата и неделива бугарска нација! Да живее братска бугарска Македонија! Да живее споменот на раководителите на Организацијата – вечна слава и чест!
Среќен празник! Да живее Бугарија!
# НеПредавайМакедонија

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа