Македонија немала царски династии но имала еден “Принц”! Кој е Борис Сарафов човекот без кој немаше да имаме Историја со која ќе можевме да се пофалиме дека нашите дедовци не го преспале отоманскиот период

123
Борис Сарафов е еден од најголемите борци, дејци и човекот со најголем потенцијал и организаторски вештини во организацијата. Сарафов бил ѕвезда и марканта фигура, кој што каде и да се појавел или пристуствувал,  дури и Делчев и Ѓорче Петров срамежливо подголтнувале и знаеле да завидуваат на неговата привлечност и идолизирање од страна на народот.



 



Она што БЦ беше за социјалдемократите во најдобрите времиња на СДСМ, тоа бил  Сарафов меѓу востаниците на Организацијата.



 
Револуционерното дело го започнува како млад офицер и во ВМРО се вклучува по предлог на Делчев и Ѓорче Петров, кои рано ги разоткриле неговите високо организарорски вештини, поконкретно уште за време на училишните денови како ученик во военото школо во Софија.
 
Во македоската историографија за Сарафов е снимен само еден срамен документарец во кој  неговото дело е предмет на подсмев и иронија од страна на грујовите пајташи, квази вмровци, претставувајки го како нестабилен женкар и курвар кој своевремено ги користел парите на организацијата за забави и слава, притоа незабележително потврдувајки дека сепак се работи за Претседател на македонскиот врховен комитет во Софија и шеф на илинденското востание.
 
Да ги оставиме на страна лагите на македонските србомани и комунистички историчари, Сарафов се вбројува меѓу првите ликови во револуционерното дело и човек без кој би немале историја каква што имаме, односно човек без кој немаше да се случат ниту добропознатите солунски атентати, ниту илинденското востание.
 
Првата акција набрзо по формирање на македонската револуционерна организација ја предводи токму Сарафов кој со помош на својата чета и еден дел на бугарската армија влегува во Мелник и го ослободува градот. Иако набрзо се повлекуваат, таа акција е доволна причина за да стекне огромен авторитет кај населението во Македонија за кое веќе станал идол и со радост го пречекувале во било кој револуционерен округ или населено место. Храброста и организираноста која ја поседувал довела до таква сигурност во македонските друштва во Софија што на свои млади години го седнале на престолот на врховниот македонски комитет, секако и со амин на Делчев и врхушката на организацијата.
Кратко по прогласувањето на неговото претседателство во ВМК, обезбедува 10000 пушки 1500 пиштоли и милионска муниција за населението во Македонија, а со тоа ги почнува и првите подготовки за востание! Сарафов покрај тоа што се служел со легални методи, како збирање на чланарини,  за вооружено да го подготви народот во Македонија, изнудувал пари и на нелегален начин, онака како што знаел и умеел. Во 1900 позната е аферата со романскиот новинар од македонско потекло Михаилијану. Пред Михаилијану да ја објави веста во која подолг период биле изнудувани пари, Сарафов ја одрал романската колонија во Софија со 30000 лева за ослободителната кауза, што било причина да се пожалат во својата Држава. Набрзо по објавување на сторијата, по наредба на Сарафов а со знаење на Делчев, во Букурешт е застрелан новинарот Михаилијану кој добро го познавал македонското прашање. Ова било причина да се заострат одосите меѓу Бугарија и Романија, па и двете држави почале масово да се вооружуваат подготвувајки се за воен конфликт. Руската дипломатија исистирала до Бугарската Држава  случајот да добие епилог, силно ја притисала Бугарија и побарала од Борис Сарафов да поднесе оставка од претседателското место на ВМК, што секако предлогот бил одбиен.
 
ВМК зајакувал се повеќе и повеќе и неконтролирао ја ширел својата моќ под палката на Сарафов, претворајки се како “Држава во Држава”. Тоа ги алармирало бугарските власти кои по секоја цена се впуштиле во акција да го сменат Сарафов од првото столче на ова тело. На оваа позиција го припремиле генералот Цончев кој воедно бил во одлични пријателски одоси со Сарафов. Борис кој уживал поголем авторитет меѓу членовите, одбил да ја напушти позицијата и во тој момент бугарските власти ја активираат аферата со романскиот новинар. Кратко по ова заедно со неговиот близок пријател Тома Давидов бугарските власти ги затвораат во софискиот затвор. На тој начин е одземен престолот на Сарафов во ВМК.  Тоа не го направил никој од организацијата за тоа што фаќал кривини како што тврди македонската Историја, туку големото влијание на Борис од кое била исплашена бугарската Држава. Од затвор Сарафов го дава првото интервју за весникот Тајм во кое тврди дека Македонија е оделна нација од Бугарија.
 
Како претседател ВМК Сарафов ги обиколил европските метрополи и направил договори со големите сили кои финансиски ја помогнале организацијата. Во тоа време се случува и љубовната афера со ќерката на Лорд од кралското семејство преку која изнудил огромна сума на пари кои заедно со парите извлечени од Австроунгарија подоцна ќе послужат за да се организираат солунските атентати и илинденското востание. По аферата со англичанката меѓу востаниците го добил прекарот “Принц”. За да ја избегне отоманската структура, парите до Битола и Крушево, Сарафов ги транспортирал товарени на  маски а од Битола дел испратил со воз до Солун. Со парите кој ги обезбедил Сарафов е купена потрбната опрема за  организирање на солунските атентати кои се случиле во Април 1903. Она што е јасно треба да се каже! Нема Сарафов, нема атентати, нема востанија и немаше да имаме историја со која ќе можевме да се пофалиме дека нашите дедовци не го преспале отоманскиот период.
 
Друг непобитен и занемарен факт во македонската историографија е што залудно е премолчено влијаието на Сарафов за време на смилевскиот конгрес кој сам го надгласал и го победил раководството на Организацијата за кревање на востание. Значи станува збор за човек со принципи кој наместо жалопојки, писма и стратегии како што правеле останатите револуционери додека народот го трпел османлискиот терор, секогаш бил спремен и изнудувал акција. Иако претседателството било против, четите востаниците и населението застанале на страната на Сарафов и по долгочасовни преговори и несогласувања донесена е финална одлука да се крене востание.Премолчена е и информацијата  дека претседател на илинденското востание е токму Борис Сарафов а за негови заменици се избрани Даме Груев и Анастас Лозанчев. Значи шеф, кординатор и прв човек на востанието е токму Борис Сарафов.
 
Периодот пред кревање на востанието пристигнале доста гурбетџии и офицери од бугарската армија, сепак востанието не ја добило ветената подршка на која инсистирал и било ветено на Сарафов, но и покрај тоа што било неуспешно и задушено, истото остаува наш светол историски белег со кој може да се пофалиме во борбата за слобода и за сето тоа нај голема заслуга има токму Борис Сарафов, човекот кој го потпишал прогласот за почеток на борбата.
 
Во 1903 – 1904 година Борис Сарафов повторно ја обиколува Западна Европа и ги популаризира идеите и работата на ВМОРО. За тоа време, бил осомничен за финансирање од кралскиот двор на кралот Фердинанд I , а нивната тајна кореспонденција се чува во Институтот Хувер. Во овој период стекнал такви конекции со Австроугарија што оваа своевремео велесила плаирала да го одликува со титула Кнез.
 
По скандалот и преговорите со српските четници, Сарафов повторно доминирал меѓу македоските чети и на македонските востаници за прв пат почал да им исплаќа плати по заслуга. Неговото влијание го провоцира Сандаски со кој жестоко се судираат на рилскиот когрес во 1905 година каде Сандаски упатил паушални обвиувања за некакво српско влијаие преку Сарафов а за возврат истиот добил пари со кој ги финансирал македонските револуционери. По рилскиот конгрес десните сили на ВМРО се обедиуваат и помируваат. Точно дека во организацијата имало поделба на леви и десни струи, но никаде не се среќаваат термини како врховисти, сепаратисти и сл изрази користени од комунистите во поновата историја.
Организацијата во периодот на 1907 година веќе располагала со големи количини на оружје и пари а обедиувањето на Сарафов, Гарванов и Матов му засметало на челникот на серскиот округ Сандански кој го губел и речиси немал некое особено влијание. За да го тргне Борис од патот, го ангажирал Тодор Паница, нестабилен бугарски атентатор кој никогаш немал статус ни близок до војвода. Исто познато е дека серците во 1906 ги осудиле на смрт Даме Груев, Борис Сарафов, Иван Гарванов и Христо Матов, а одлуката ја поддржале Ѓорче Петров, Пере Тошев и Петар Попарсов.
 
На 28 -ми Нември по вечерата на Сарафов, Гарванов и Паница на излезната врата Паница ги застралал и двајцата, Гарванов во пределот на челото а Сарафов во левата слепоочица и двајцата падале еден врз друг. Паница избегал, а вечерата и крвавата пресметка ја избегал Христо Матов кој исто така претходно го најавил присуството.
 
По аутопсијата телото на Сарафов било изложено во малата црква “Свети Ѓорги” во Софија. По софиските улици во близина на црквата, според очевидци до тогаш не бил виден толкав број на граѓани кои тргале да му оддадат почит на Сарафов, ковчегот бил носен од војводи а илјадници востаници присуствувале на поворката. На почетокот на колоната била носена огромна раскошна рамка со ликот на Сарафов а ковчегот бил обложен со знамиња на македонските братства.
 
Сарафов останал доследен на идејата дека со помош на големите сили треба да се оствари целта, затоа и ги ширел своите конекции со воените гиганти, за разлика од Сандански кој го гледал востанието како автохтоно и внатрешно без било каква помош, што по балканските војни се покажало како погубно, затоа што Албанија со помош на Австроунгарија формира Држава, додека Македонија без влијанието кое со години го стекнувал Сарафов ќе биде поделена и распарчена, Договор е потпишан во Лондон а како потписници од поголемите држави се јавуваат Русија и Германија заедно со сите денешни наши соседи. Затоа и смешни се приказните дека Русија ќе не рани или брани, или дека денешната територија и припаѓа на Бугарија кога со потпис ја предала на Србија. Да бил Сарафов со својата преговарачка способност и неговите долгогодишни конекции, визии и пријателства што ги градел со европските држави, најверојатно ќе се пеела друга песна.

 

Кратко по овој период, односно по огромната загуба на жртви и територијално распарчување, како виновник за разоружување на организацијата за време на реформите по младотурската револуција и и за време на неговиот пратенички мандат во турскиот парламент, од страна на атентатори испратени од Тодор Александров, во Горна Џумаја убиен е Сандански.  А за тоа во друга прилика

Љупчо Маркоски