Еве ОД ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОТКАЖЕ МПЦ за да го добие ТОМОСОТ ОД ЦАРИГРАД

Долгоочекуваната заедничка литургија на свештенството на МПЦ-ОА и вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул не заврши со најавеното примање томос од Цариградската патријаршија за автокефалноста на оваа црква, пренесува Спутник Србија.

Како што дознава Танјуг од Белградската патријаршија, во преговорите меѓу патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан не е постигнат договор за автокефалност на Охридската архиепископија, со што би се исклучила јурисдикцијата на МПЦ во дијаспората.

По вчерашната заедничка литургија за МПЦ-ОА остануваат отворени многу прашања, прво кога и дали Вселенската патријаршија ќе издаде томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и како ќе се однесува кон дијаспората, односно дали Вселенската патријаршија во замена за давање томос бара црквите во дијаспората на МПЦ-ОА да завршат под јурисдикција на Вселенската патријаршија, а не на МПЦ!

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа