ОРБАН: Џорџ Сорос ги поттикнува војните, мора да одговара

144

Орбан тврди дека има луѓе кои се заинтересирани конфликтот да трае што подолго

Во интервју за унгарската радио станица Кошут, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, истакна дека само мирот може да ја спречи инфлацијата и да ја спаси економијата од понатамошни шокови. Тој, исто така, призна дека Украина има „право да се брани“.

 

Орбан рече дека Унгарија сега е практично единствената земја која сака мир. За разлика од повеќето други европски престолнини, Будимпешта одби да испрати оружје во Украина.

Мораме да финансираме мир, а не војна – посочи Орбан.