Москва се уште е отворена за дијалог со Европската унија, но наместо танго, западните земји сами си играат брејкденс, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Се уште сме отворени за дијалог. Но, мора да играте танго заедно. „Засега нашите западни партнери сами си играат брејкденс“, изјави Лавров на новинарите.
На сите им стана јасно дека НАТО повеќе не може да одлучува за судбината на Европа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Фактот дека тие не можат да одлучуваат за судбината на Европа веќе им стана јасно на сите“, изјави Лавров за новинарите.
Министерот додаде дека ОДКБ денес делува како балансен фактор за нелегитимни акции на НАТО.