„Подготвен сум“ Зеленски најави разговори со Путин: Една работа не сака да спомне

Зеленски рече дека би сакал да разговара за завршување на војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се уште е подготвен за директни разговори со рускиот лидер Владимир Путин .

– Решен сум по тоа прашање. „Подготвен сум за директни преговори со претседателот Путин, доколку сме подготвени сериозно да разговараме за завршување на војната“,  изјави Зеленски за Фајненшл Тајмс, пренесе ТАС С.

Тој рече дека „нема време“ за разговори со Москва за прашања кои не се однесуваат на крајот на конфликтот, вклучително и евентуалниот пристап на Украина во НАТО.

– Ако не сме во НАТО, нема основа странски држави да престојуваат на наша територија. Ако сакате да не примете во НАТО, ве молиме поканете не, но во моментов не разговараме за тоа – додаде Зеленски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа