Илјадници граѓани излегоа на протест против Спасовски и СДСМ во Битола и побараа слобода за Ламбе

„Битола е град на херојот Стив Наумов и во овој град нема место за Ванчо Михајлов. Бараме ослободителна пресуда за Ламбе Алабаковски и бараме информација од Централниот регистар дали е правно отворен клубот во Битола кој во моментов претставува провокација за битолчани“.

Вака истакна Горан Велевски од Левица попладнево на мирниот протест за слобода на Ламбе Алабаковски пред СВР-Битола, кој го организираше партијата. На протестот беше побарана правда за Алабаковски, кој е во притвор заради палење на вратата на Културниот центар „Иван Михајлов” во Битола.

Мирниот протест заврши со марш на учесниците по булеварот „1-ви Мај“ каде се објектите на Основното јавно обвинителство и конзулатот на Република Бугарија во Битола.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа