ПУТИН ЌЕ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА И ЌЕ ПРЕСТАНЕ ПЕКОЛОТ? Воени експерти открија која ќе биде „пресвртницата“ – Украинците нема да се откажат
Северодонецк и соседниот Лисичанск се последните поголеми градови во регионот Луганск кои се уште се под контрола на Киев. Украина собра доволно сила да ги одбие руските напади во Северодонецк, но ниту една страна не е подготвена да се повлече, изјави градоначалникот на тој стратешки важен град во источна Украина, Олександр Штук.
На улиците на Северодонецк се водат жестоки улични борби, рече Штук, додавајќи дека Украина „концентрирала доволно сили и ресурси за да ги одбие руските напади“.
Окупацијата на Северодонецк и Лисичанск ќе и овозможи на руската армија да стигне до административната граница на регионот . Оттаму, потоа би можел да напредува позападно, кон Краматорск, вториот административен центар во регионот Доњецк. Краматорск е еден од последните големи индустриски градови во Донбас, кој се уште е целосно под контрола на Киев.
Прекин на огнот
Воениот историчар Филип О’Брајан изјави дека Русите наскоро би можеле да понудат прекин на огнот , пишува „Билд“. Кога руските трупи ја нападнаа Украина на 24 февруари, планот на Путин беше да ја окупира земјата во „Блицкриг“. Руската армија од 100.000 луѓе ја нападна Украина од три правци истовремено. Но, планот пропадна, па на почетокот на април Русите ја префрлија офанзивата во источна Украина. Овде, нивните трупи се движат стабилно, иако многу бавно.
Британското Министерство за одбрана во неделата соопшти дека иако руските сили напредуваат во источна Украина, тие придобивки се „бавни и скапи“ како дел од руската „стратегија за исцрпување“, објави CNBC, истакнувајќи дека „специјалната воена операција“ веќе се одолговлекува. повеќе од 100 дена..