Путин победи! Зеленски ги спрема украинците за договор и предавање на територии на Русија „СВЕТОТ Е УМОРЕН ПОРАДИ УКРАИНА“ се пожали Зеленски на своите сограѓани и откри што очекува Западот од него

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека светот е уморен од ситуацијата во Украина и Киев полека почнува да се врти кон неповолен резултат во однос на договорот со Руската Федерација, пренесе агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на украинска „Правда“.

-Немам никакви разговори за какви било планови за мировни преговори. Ваквите преговори денеска се на нула ниво – рече Зеленски.

Според него, светот станува уморен од ситуацијата во Украина .

– Луѓето сакаат некаков резултат за себе, а на мене и на народот им треба резултат за нас – рече тој.

Украина и Русија преговараат за дипломатско решение на конфликтот речиси од почетокот на војната, но дијалогот беше прекинат во април .

Руското Министерство за надворешни работи подоцна објави дека Киев ги прекинал преговорите и не одговорил на предлозите на Москва за нацрт-договорот.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа