Македонците од утре ќе почнат да купуваат јод поради закаа од руските нуклеарки ? „ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО Е ДОБРИОТ САРМАТ?!“ Русија им се заканува на Македонија Црна Гора, Романија и Бугарија со балистички ракети – „го предадовте нашето заедничко минато“

387
Кремљ во понеделникот објави дека го смета потегот на три источноевропски земји за „непријателска акција“, но дека тоа нема да ја спречи Москва да одржува контакти со пријателските земји.





Директорот на руската вселенска агенција денеска им се закани на Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора дека Русија може да истрела балистички ракети врз нив, откако тие го забранија летот на авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров требаше да лета во Србија.

Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора, земјите што ја опкружуваат Србија, го затворија својот воздушен простор за официјалниот авион со кој рускиот дипломат требаше да патува во српската престолнина во понеделник.

Кремљ објави дека го смета за „непријателска акција“ на трите земји за кои Лавров ги обвини ЕУ и НАТО.

– Знаеш ли што е добар „Сармат“? Од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорци кои го предадоа нашето заедничко минато, нема да бараат согласност да летаат – напиша на Телеграма директорот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.