Во Киев се појавија плакати на кои Зеленски е прогласен за предавник: Се подготвува ли пуч за украинскиот претседател?!

211

На згради во Киев се појавиле плакати на кои украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се прогласува за предавник. Како што пишуваат западните медиуми, тоа е прв знак за негативно расположение кон Зеленски во Украина и можен пуч против украискиот претседател.

Судејќи по текстот на плакатите, тие најверојатно се залепени од приврзаници на националистичките баталјони, а финансирањето најверојатно го презеле некои од богаташите од редовите на опозицијата.

На постерите кои ги „украсуваат“ зградите во главниот град има фотографии од Зеленски и Денис Прокопенко, заробениот командант на националистичкиот баталјон „Азов“, проследени со коментарот: „Володимир Зеленски – го предаде Азов. Ќе те предаде и тебе“.

Ваквите случувања доаѓаат откако припадниците на „Азов“ се во руско заробеништво, а нивните поддржувачи целата вина ја префрлаат на државниот врв, пред се на Зеленски. Кога сфатија дека не можат да ги извлечат опколените војници од засолништата на челичарницата „Азовстал“, властите во Киев им наредија да се предадат. Медиумите во Киев, приота, не ги користеа термините предавање или заробување, туку „евакуација“.

Претходно, украинските медиуми, поддржани со изјави на Зеленски и неговиот близок круг на луѓе, ги величаа „хероите од Азовстал“ за кои велеа дека ќе се борат до последен, па сега поддржувачите на „Азов“ тврдат дека раководството на чело со Зеленски ги изневерило борците.

При предавањето, официјална Москва даде гаранција дека ќе им ги поштеди животите на украинските заробеници, како и дека на ранетите ќе им биде укажана лекарска помош.

Рускиот претседател Владимир Путин го исполни ветувањето и сега украинските војници се во притвор, а ранетите се во болниците во Доњецката Народна Република. Руските сили соопштија дека водачите на баталјонот и тие што извршиле злосторства ќе бидат судени, додека оние кои не направиле злосторства ќе бидат разменети.