РУСИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Помошниците од Вашингтон во Брисел спроведуваат самоуништувачки акции за да не успеат самите и да ја уништат Европа…

Русија предупреди дека одлуката на Европската унија делумно да го прекине увозот на руска нафта веројатно ќе ги дестабилизира светските енергетски пазари.

Таа оцени дека станува збор за „самоуништувачки чекор“, кој може да има повратни последици за европскиот блок.

„Одлуките на Европската унија за делумно напуштање на руската нафта и нафтени деривати, како и забраната за осигурување на руските трговски бродови, веројатно ќе предизвикаат дополнително зголемување на цените, ќе ги дестабилизираат енергетските пазари и ќе ги нарушат синџирите на снабдување“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. .

 

Официјална Москва тврди и дека оваа одлука ќе ја загрози економијата на ЕУ, иако претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека на тој начин ќе и биде одземена значителна сума на средства од Русија и ќе се создаде дополнителен притисок за запирање на воената кампања во Украина.

„Брисел и неговите политички спонзори во Вашингтон сносат целосна одговорност за ризикот од влошување на глобалната криза со храна и енергија, предизвикана од нелегитимни дејствија на Европската унија“, заклучува руското министерство.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа