КАДЕ ЗАВРШУВААТ РУСКИТЕ ГРАНИЦИ?! Пред шест години мислеа дека Путин се шегува, денес им заглави смеа во грлото! (ВИДЕО)
На 24 ноември 2016 година, рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на церемонијата на доделување награди на Руското географско друштво во Москва, а настанот остана запаметен по шегата на рускиот претседател.
Имено, за време на доделувањето на наградата, рускиот претседател им поставувал прашања за географија на момчињата и се пошегувал со нив.
Тој прашал едно момче дали знае каде завршуваат границите на Русија.
„Кај Беринговото Море, покрај Америка“, рече момчето.
Рускиот претседател го поправи: „Руските граници не завршуваат никаде“.
По оваа шега на Владимир Путин сите присутни се насмеаа. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а нивните „соседи“, Полјаци, Финци, Литванци и други, во коментарите напишаа дека шегата е добра и смешна.
Видеото денеска повторно е актуелно поради руската специјална операција во Украина, а за разлика од реакцијата од пред шест години, зборовите на Путин веќе никому не му се смешни.
– Не се шегуваше – е еден од најчестите коментари.