Же ни ги тероризираат и децата? Pfizer аплицираше за одобрување на итна вакцина за деца под 5-годишна возраст
„Фајзер“ и партнерот „Бионтек“ побараа одобрение од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за нивната вакцина против Ковид за деца под пет години, соопшти денеска компанијата.
Доставувањето на извештајот до американскиот регулатор за лекови заврши вчера, а во него беа вклучени податоци кои покажуваат дека три дози од вакцината со помали дози предизвикале силен имунолошки одговор кај децата на возраст од шест месеци, пренесува Ројтерс.
Се додава дека ниту една вакцина против Ковид сè уште не е одобрена за деца од таа возрасна група во повеќето делови на светот.
Како што се вели, останува нејасно колку родители ќе ги вакцинираат своите деца, бидејќи досега е мал интересот за вакцинирање на децата од 5 до 11 години.
Pfizer и партнерот Biontek на 23 мај рекоа дека нивната студија покажала дека верзијата од три микрограми на вакцината предизвикала сличен имунолошки одговор кај деца под пет години, како и во претходната студија, секоја од двете дози од 30 микрограми кај оние на возраст меѓу 16 и 25 години. .