Дали после ова Путин ќе им спреми торпедо Посејдон? Британскиот министер за одбрана: Испраќаме модерни ракетни лансери со среден дострел во Украина
Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска најави дека Велика Британија ќе испрати во Украина модерни ракетни лансери со среден дострел, М270.
Тој изјави дека украинските војници ќе бидат обучени за нивна употреба во Велика Британија.
Заедно со фрлачите, Украина ќе добие и ракети со прецизно наведување со дострел до 80 километри од Велика Британија. Целта на ова оружје е одбрана од авијација и артилерија.
Британската влада соопшти дека одлуката е донесена во тесна координација со САД, кои вчера одлучија да испратат модерни ракетни системи ХИМАРС во Украина.