Вучиќ ќе посредува за мир во Украина меѓу Шолц и Лавров?

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа денес дека се комплицира доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Белград.

Тој тоа го кажа на меѓународниот Глобсек форум во Братислава.

„Се комплицира, секако се комплицира. Не сум спремен сè уште за тоа да зборувам, но да, се комплицира. Прашање е како ќе дојде… Ќе видиме“, кажа Вучиќ.

На прашањето дали би била лоша вест германскиот канцелар Олаф Шолц да не дојде во Белград, што медиумите го најавија за 10 јуни, Вучиќ исто одговори потврдно.

„Тоа би била трагедија… Па замислете германскиот канцелар да треба да гостува во некоја земја, а каже дека не сака да дојде или не може да дојде. Нормално дека би била лоша вест“, кажа српскиот претседател.

На прашањето дали е можно тоа да се случи, Вучиќ кажа дека се надева дека нема да се случи.

„Секогаш постои можност, но јас се надевам дека тоа нема да се случи, но ќе видиме. Ќе видиме прво дали ќе дојде Лавров, па ќе видиме. Има тука и реакции на други земји“, кажа тој.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа