Правеле ли нешто друго освен крадење? Пратеничка на СДСМ проневерила 320 илјади евра европски пари

308

По безмалку две години од скандалот со поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение проитв Димова и уште две други лица кои се сомничат дека проневериле 320 илјади евра европски пари, потврдуваат извори од Обвинителството за Фокус.

Димова беше разрешена и против нејзе беше отворена истрага откако беше обелоденето дека во изминатите три години Националната агенција доделила грантови од програмата „Еразмус 2“ во износ од 270 илјади евра на фризерница. Сопственикот истовремено бил и надворешен експерт во Националната агенција, а беше објавено и дека во благајната на Агенцијата недостасуваат 15 илјади евра.