ТУРЦИЈА ГИ ИСПРАВА ЕВРОПСКИТЕ ПАРТНЕРИ: „Не ни помислувајте! Не воведуваме санкции кон Русија“

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу изјави дека Турција нема да се приклучи на санкциите против Русија и дека украинскиот претседател Владимир Зеленски побарал да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Санкциите против Русија ја погодија и Турција. Тие ја разбираат нашата позиција и таа мора да се разбере со оглед на нашата посредничка улога. Нашиот став е јасен, нема да се приклучиме кон санкциите и нема да дозволиме тоа да се прави преку нас, рече Чавушоглу во изјава за турската агенција Анадолија.

Чавушоглу рече дека Зеленски за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

– Буквално вчера Зеленски при разговорот рече дека сака да се сретне со Путин. Турција продолжува да прави напори – рече Чавушоглу.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа