УНИШТЕНИ СОНИШТАТА НА УКРАИНЦИТЕ! Америка исплашена од Русија нема да испорача ракетни системи на Киев

529

САД нема да испратат ракетни системи во Украина кои би можеле да стигнат до Русија, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден. Овие коментари уследија по извештајот дека администрацијата на Бајден се подготвува да испрати напредни ракетни системи со долг дострел во Киев, пишува Ројтерс .

 

Пред неколку дена од Белата куќа пристигна сосема поинакво соопштение.

Според CNN, САД се подготвувале да испратат оружје како дел од поголем пакет воена помош.

Официјални лица од Киев побараа од Соединетите Американски Држави повеќеракетни системи со долг дострел на MLRS, за кои се сметаше дека се пресвртница во војната.

Како што објавија тогаш медиумите, Белата куќа се подготвувала да одобри испорака на специјален модел – M270 MLRS, кој може да испука „дожд“ од муниција, а може да погоди цели и до 300 километри. Може да истрела и проектили со краток дострел на околу 70 километри.

Киевските сили веќе користат хаубици М777 испорачани од САД, кои имаат домет од околу 25 километри. Но, MLRS ќе и овозможи на Украина да ги постигне своите цели многу подалеку од тоа.

Најавата за испраќање на споменатото оружје во Киев предизвика остри реакции од Москва. Меѓу другото, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот дека сака да ги „надува украинските националисти со оружје“ и додаде дека „ескалацијата е неизбежна“.

Да потсетиме, Украина во текот на изминатата недела веќе доби значително количество оружје од Данска – противбродската крстосувачка ракета Харпун, со дострел од околу 130 километри.