Грција стана главен носител на руска нафта

Додека Европската унија дебатира дали да воведе ембарго на руското гориво или не, Грција стана главен носител на руска нафта, објави новинската агенција Анадолија.

 

Благодарение на Грција, Москва урива нови рекорди во однос на приходите од продажба на енергија.

Со почетокот на руската специјална воена операција во Украина, Европската унија почна да воведува санкции кои беа насочени кон многу индустриски гранки.
Следниот пакет рестрикции вклучува воведување целосно ембарго на руската нафта, но некои земји не се согласуваат.

Се очекуваше да падне извозот на руска нафта поради санкциите, а се случи спротивното, иако европските компании не купуваат руска нафта.

Унгарија и другите земји од Европската унија го блокираат усвојувањето на шестиот пакет европски санкции против Русија поради несогласувањата со воведувањето на нафтено ембарго.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа