(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ПРОНАЈДЕНА Е ПРОСТОРИЈА ЗА МАЧЕЊЕ КАКО И ТЕЛО НА РУСКИ ВОЈНИК

Руските безбедносни сили открија просторија за мачење и минирано тело во униформа на руската армија без нозе во селото Зеленовка, седум километри североисточно од Керсон.

Минираното тело, најверојатно на руски војник, било пронајдено во подрумските простории на кафуле до патот М-14. На телото се наоѓаат остатоци од воената униформа на руските вооружени сили. Телото е без нозе, со траги од мачење и пресечено грло – изјави за Спутник претставник на безбедносните сили кои учествуваа во операцијата во која беше откриена комората за мачење.

https://t.me/rian_ru/161542

Според него, околу кафулето биле расфрлани шприцеви, најверојатно со дрога, како и голем број пластични пакувања за американските противтенковски системи „Џавелин“, со кои Американците ја снабдуваат украинската армија и членови на екстремистички баталјони.

На видеото се гледа дека покрај телото има предмет за кој припадник на безбедносните сили вели дека е противтенковска мина и додава дека во близина има ТНТ.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа