Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, на социјалните мрежи објави видео во кое наведува дека „украинското прашање е решено“ и дека е „заинтересиран за Полска“.
Видеото кое трае 34 секунди досега е прегледано повеќе од 140.000 пати.
„Украинското прашање е решено. Заинтересиран сум за Полска. Полска, што се обидува да постигне?“, се слуша како вели Кадиров на видеото што го објави новинарот на Би-Би-Си Френсис Стар. Во видеото, Кадиров потоа почнува сериозно да се заканува.
„По Украина, ако добиеме наредба, ќе ви покажеме што можеме да направиме за шест секунди. Подобро да си го вратите оружјето и платениците и официјално да побарате прошка за тоа што му го направивте на нашиот амбасадор. Тоа нема да го игнорираме, имајте го на ум“, рече Кадиров.
Се верува дека Кадиров мислел на Сергеј Андреев, рускиот амбасадор во Полска, кој беше нападнат во Варшава на 9 мај, за време на Денот на победата. Имено, Андрејева била посипана со црвен сируп, поради што Москва остро реагирала.