Лавров загрме по Хрватите! „Штета што зазедовте непријателски став, таквиот пристап е погубен“ Русија испрати СИЛНА ПОРАКА до Хрватите

Руското Министерство за надворешни работи испрати порака до Хрватска.

На денешен ден пред 30 години, Република Хрватска и Руската Федерација воспоставија дипломатски односи .

По тој повод на Фејсбук објави руското МНР.

– На 25 мај се навршуваат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Хрватска. Руско-хрватските односи во изминатите три децении беа обележани со позитивна динамика. Воспоставен е конструктивен политички дијалог, кој со висок степен на доверба овозможи размена на мислења за актуелните аспекти на состојбите во Европа – се наведува во соопштението. 

– Штета што хрватските власти решија во последните месеци да заземат непријателски однос кон Русија, што е во остра спротивност со постигнатиот квалитет на нашите билатерални односи, го уништува нивното ткиво и им нанесува сериозна штета . Сите позитивни достигнувања од минатото се на удар. Убедени сме дека таквиот деструктивен пристап е катастрофален и дека нема перспектива. Убедени сме дека ќе надвладее здравиот разум и дека Хрватска ќе се врати на патот на конструктивен дијалог и заемно корисна соработка, заснована, меѓу другото, на разбирање на геополитичката реалност и вистинските национални интереси – најавија тие.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа