„ЌЕ СЕ ПРИПОИМЕ НА РУСИЈА, НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ НЕЗАВИСНИ“ Една земја остана без клучна област

Регионот Керсон не планира да биде посебна независна република, целта е да стане руски регион, изјави заменик-шефот на регионалната воено-цивилна администрација Кирил Стремусов.

– Не планираме да бидеме посебна независна република. Нашата главна задача е да бидеме субјект во рамките на Руската Федерација –  изјави Стремусов за РИА Новости.

Тој изјави дека Херсонската област, која се наоѓа на југот на Украина, нема да избрзува со референдумот за самоопределување.

– Имајќи предвид дека резултатите од референдумот и онака нема да бидат признати од западните земји, неговото одржување сега е губење време. Затоа не ни помисливме на референдум – изјави Стремусов.

Според него, процесот на транзиција кон стандардите на руското законодавство треба да биде завршен до крајот на годината и дури тогаш може да се донесе одлука за референдумот и идниот статус на регионот.

Стремусов посочи дека властите на Херсонската област ќе побараат во регионот да се постави руска воена база која треба да биде гаранција за безбедноста.

Тој изјави и дека рускиот јазик заедно со украинскиот ќе добие статус на државен јазик.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа