„ЌЕ ВЛЕГУВАМЕ НА КРИМ ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА“ Украинците уверени, велат дека ОВА ќе биде пресвртница во војната

191
Шефот на украинската разузнавачка служба Кирил Буданов изјави за „Украинска правда“ дека до крајот на годината украинските војници барем ќе влезат на територијата на Крим, пренесува РИА Новости.

– До крајот на годината мораме барем да влеземе на територијата на Крим – рече Буданов.

Тој додаде дека пресвртницата во војната треба да се случи во август , кога украинската армија ќе почне активно да користи ново оружје.