Што се случува? Вечерва ескалира војната во Украина? Путин се огласи итно! „Против МОСКВА започна вистинска војна“ Путин итно објави: Русија е подготвена за напади
Рускиот претседател Владимир Путин разговара со членовите на Советот за безбедност на Русија. Тој на средбата рече дека по почетокот на војната во Украина против Москва, започна вистинска војна во информативниот простор и дека значително се зголемил бројот на сајбер напади.
– Сајбер-агресијата против Русија не успеа, Москва е подготвена за напади – рече Путин.
Тој додаде дека е неопходно да се зајакне одбраната на рускиот дигитален простор, не смее да има слаби точки, истекување на лични податоци. Тоа не смее да се дозволи, изјави рускиот претседател.
– Основно е важно да се елиминира истекувањето на доверливи податоци и лични податоци на граѓаните – рече рускиот претседател и ја нагласи важноста од посилна контрола врз правилата за користење на официјална опрема и комуникации.
Во тој контекст рече дека смета дека е целисходно да се разгледа прашањето за создавање државен систем за заштита на информациите.
– Мислам дека е целисходно да се разгледа прашањето за државниот систем за заштита на информации. Очекувам конкретни предлози од вас за тоа кои дополнителни чекори треба да се преземат за да се обезбеди стабилно функционирање на информатичката инфраструктура во органите на власта и државната администрација – рече тој.