Што се случува? Дали експлодираекоја од тајните биолаборатории? СЗО: Можна епидемија на колера во Мариупол
Менаџерот на Светската здравствена организација Дорит Никан изјави дека СЗО се подготвува за потенцијална епидемија на колера во Мариупол, каде што се оштетени многу инфраструктурни објекти .
Оштетени се многу цевки, а од терен добиваме информации дека на улиците има езерца и дека се измешани канализацијата и водата за пиење“, изјави Никан, пренесува Укринформ.
Според неа, СЗО го оценува тоа како огромна закана од појавата на многу инфекции, меѓу кои и колерата.
Таа додаде дека организацијата подготвува вакцина за колера и дека тесно соработува со невладини организации и партнери кои можат да дојдат во Мариупол за да ги поддржат луѓето.