Во интерес на Пекинг е да ја поддржи Москва во нејзината конфронтација со западните земји. Ова го пишува кинеското издание на Baijiahao.
Западните земји, на чело со САД, воведоа многу различни санкции кон Русија и нема да престанат. Тие вршат притисок и врз други земји, обидувајќи се да внесат што повеќе земји во борбата против Русија.
Вашингтон исто така се обиде да изврши притисок врз Кина, но безуспешно. Позицијата на Пекинг за санкциите е многу едноставна: тие се нелегитимни и не придонесуваат за решавање на проблемите, туку само придонесуваат за конфликти.
Кина останува неутрална во руско-украинската криза и воено не и помага на Москва, иако САД се обидоа да изнесат такви обвинувања – без докази и без успех.
Сепак, во извесна смисла, Пекинг продолжува да ги поддржува своите руски партнери, главно економски. Тоа се, на пример, разни договори за снабдување со гас и нафта. Односно, со одбивањето да воведе санкции и продолжувањето на трговијата со Русија, Кина веќе дава значителна помош.
Неодамна се појавија информации дека соработката меѓу Москва и Пекинг ќе биде проширена и на воената сфера, но нема да го допира украинското прашање.