Ова се наведува во анализата на безбедносната политика на владата на таа нордиска држава, која кабинетот на премиерката Магдалена Андерсон ќе ја користи како основа за одлуката за членство во НАТО , презентирана денеска во парламентот.
Иако гледа очигледни безбедносни придобивки во членството во Алијансата, анализата наведува и голем број операции кои најверојатно ќе ги преземе Русија доколку Шведска се приклучи на Алијансата.
Тие вклучуваат различни видови хибридни напади , нарушување на шведскиот воздушен простор или вода и закани од можна употреба на нуклеарно оружје во регионот на Балтичкото Море.
Во извештајот се наведува дека актуелната руска војна против Украина ги ограничува можностите за напади врз други земји , но се забележува дека Русија сè уште има капацитет за ограничен број непријателски мерки против земји како Шведска.