ЕВЕ кој прв си легна на брашното откако Путин им списка со нуклеарка! Британците први го свртија кормилото: Нема да влегуваме во конфликт со Русија поради Украина

608

Велика Британија нема да влезе во директен конфликт со Русија поради Украина, изјави министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас.

 

„Нашиот став беше апсолутно јасен. Не сме влегле и нема да влеземе во директен конфликт ниту со руската армија, ниту со државата Русија. „Јасно зборував за тоа на почетокот на овој конфликт – без разлика дали тоа им се допаѓало на луѓето или не, но Украина не е членка на НАТО и ние нема да ја испратиме нашата војска таму“, изјави Валас за Вашингтон пост.

Тој, исто така, истакна дека е малку веројатно Украина да го користи оружјето што и го доставува Велика Британија за напади врз цели во Русија.

 

„Што се однесува до британското оружје, пред сè, ние не испорачавме оружје што ќе им даде таква можност, не им испорачавме хеликоптери, авиони или оружје од таков дострел, така што е малку веројатно дека ова оружје може да се користи надвор од Украина. “, рече Валас. дека Украина има право на самоодбрана според член 51 од Повелбата на ОН и дека нејзините сојузници обезбедуваат помош за таа цел.