Војната се проширува! Белорусија разместува војници на границата со Украина, испрати порака до Западот

Белорусите власти распоредија свои оружени сили на границата со Украина, правдајќи го потегот со тоа што Западот „го зголемува своето воено присуство во регионот“. Минск испрати порака до Западот дека Белорусија е приморана да одговори на тој потег.

Началникот на генералштабот на белоруските оружени сили Виктор Гулевич наведе дека Украина испратила околу 20.000 војници во близина на белоруската граница.

„Воената група на нашата граница во изминатите шест месеци повеќе од двојно се зголеми и по квантитет и по квалитет. Во водите на Средоземното и Балтичкото Море се појавија групи бродови кои носат крстосувачки ракети, а зголемувањето на воздухопловните групи во Полска и балтичките држави укажува на растечката закана за Република Белорусија“, кажа тој.

Гулевич кажа дека војниците се распоредени на границата „за да ја гарантираат безбедноста на Република Белорусија“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа