МОСКВА ЗА МОЖНОСТА ЗА УПОТРЕБА НА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА: Еве што предвидува руската воена доктрина
Дипломатот беше прашан дали Москва ја исклучува можноста за превентивен тактички нуклеарен напад врз Украина.
– Имаме воена доктрина, таа кажува се – рече заменик министерот за надворешни работи.
Грушко нагласи и дека документот е недвосмислен и не имплицира други толкувања.
Доктрината вели дека употребата на нуклеарно оружје е можна кога има веродостојни информации за лансирање балистички ракети врз Русија или сојузниците, употребата на нуклеарно оружје или друго оружје за масовно уништување од страна на непријателите, влијанието врз критичните државни или воени објекти, агресија врз Русија со употреба на конвенционално оружје, кога е загрозено само постоењето на државата .
Основите на руската државна политика во областа на нуклеарното одвраќање беа усвоени во јуни 2020 година со указ на претседателот на Русија.
Претходно рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов изјави дека претставници на американската администрација отворено ги искривуваат изјавите на Москва за нуклеарната политика.