СТРАШНО! Дали пристигна во Македонија? три деца починаа од мистериозиот хепатитис кој го разјадува црниот дроб на децата
Индонезија идентификуваше 15 случаи на тежок хепатитис од непознато потекло, откако беа пријавени три смртни случаи кај деца, изјави министерот за здравство на земјата, Буди Гунади Садикин на денешниот брифинг со новинарите.
Министерот Буди рече дека во Индонезија се откриени 15 случаи од неодамнешната истрага за болеста, додавајќи дека властите не утврдиле што ја предизвикува болеста.
Светската здравствена организација минатата недела соопшти дека примила извештаи за најмалку 228 случаи на детски хепатитис или воспаление на црниот дроб во 20 земји, пренесува Ројтерс.
Симптомите што се појавија кај децата дури и пред да развијат воспаление на црниот дроб вклучуваат гадење, повраќање, дијареа и абдоминална болка. Министерството за здравство соопшти дека три деца починале во болниците во главниот град Џакарта, откако имале некои од симптомите. Меѓу загинатите има деца на возраст од две, осум и 11 години, а меѓу симптомите имаа и треска, жолтица, грчеви и губење на свеста, изјави портпаролката на Министерството за здравство на градот, Надија Тармизи.
„Во моментов постапуваме со случаи како што е акутен хепатитис, но мора да потврдиме дека не се работи за познат хепатитис“, додаде Тармизи, пренесува Танјуг.
Таа посочи дека министерството во моментов ги истражува причините за болеста со спроведување на тестови за вирусот.