КРВ НАСЕКАДЕ! Ова нема да остане без одговор! Амбасадорот на Русија во Полска нападнат додека се обидувал да положи цвеќе на гробиштата на советските борци на Денот на победата (ВИДЕО)

448

Денот на победата беше одбележан во многу земји, во Русија, Белорусија, Украина, Србија… манифестацијата „Бесмртен полк“ се одржа на многу континенти, но имаше инцидент во Варшава.

 

Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, беше покриен со црвено додека се обидуваше да положи венец на гробиштата на советските војници во Варшава.

Бидејќи не успеал да го направи она за што дошол, во придружба на полиција, набрзо ги напуштил гробиштата.

Тие беа против

Неколку дена претходно, градската управа на Варшава и полското Министерство за надворешни работи се спротивставија на одржувањето на акцијата „Бесмртен полк“ по повод Денот на победата – 9 мај.

Руската амбасада во Полска има намера да ја одржи акцијата „Бесмртен полк“ на Денот на победата во Големата патриотска војна, како и секоја година, и да положи венци на меморијалните гробишта на советските војници во Варшава, пренесува Спутник.