Еве од што е смртно исплашена Америка и зошто трупа толку оружје! Медведев: Духот на комунизмот се врати во Европа, дебелите Европејци снабдени со гас ќе бидат принудени да го делат со сиромашните

260

„Духот на комунизмот“ навлезе во Европа, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, на својот канал „Телеграм“.

Со овие зборови тој го оцени предлогот на Европската комисија да ги обврзе земјите од ЕУ да делат гас меѓу себе во случај на прекин на испораката на гориво од Русија.

 

„Сеништето на комунизмот конечно повторно влезе во Европа. Дебелите Европејци, снабдени со гас од различни извори, ќе бидат принудени да го делат со сиромашните, но горди, кои не сакаат да ѝ плаќаат на Русија за гас во рубли“, напиша Медведев.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност ги нарече Европејците „достојни наследници на двајцата Карла – Маркс и Кауцки“. Истовремено, ќе воведе и рационализација на потрошувачката на енергија, а не е далеку од картичките за храна“, рече Медведев.

ЕК подготви план за заштеда на енергија кој ќе биде на сила во случај на остар прекин во снабдувањето со руски гас, пишува шпанскиот весник Ел Паис. Според документот, земјите со алтернативни извори на снабдување ќе мора да делат гас со други земји.