Бугарскиот претседател Радев: Продолжувањето на украинската криза ќе доведе до самоуништување и распаѓање на Европа

Пролонгирањето на украинската криза ќе ја доведе Европа до тешки економски последици, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, цитиран од Н-ТВ.

„Тоа ќе значи економско самоуништување на Европа. И ние се движиме во таа насока“, рече шефот на државата.

 

Радев го критикуваше бугарскиот парламент за неодамнешната одлука за испраќање воено-техничка помош за Украина.

Претседателот го нарече вклучувањето на Бугарија во конфликтот „опасен чекор“, укажувајќи на ризиците од таквата поддршка.

На 24 февруари, Русија започна специјална операција за демилитаризација и денацификација на Украина.

Претседателот Владимир Путин нејзината цел ја нарече „заштита на луѓето кои осум години се изложени на геноцид од режимот во Киев“, а исто така нагласи дека не се зборува за окупација на земјата.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа