РУСИЈА ПОВТОРНО УДРИ НА ГОЛЕМ ГРАД: Украинците најавија, има многу ранети

Руската армија изврши ракетен напад врз Краматорск во областа Доњецк, во кој се повредени најмалку 25 цивили, соопшти денеска советот на тој украински град.

– Уште еден ракетен напад врз Краматорск. Беше опасно, се случи синоќа, во населени места и централниот дел на градот – се наведува во соопштението на градскиот совет, пренесува Укринфром.

Проектилите оштетија девет домови, училиште и цивилна инфраструктура.

– Најмалку 25 ранети цивили се резултат на ракетен напад што Русите го извршија синоќа на Краматорск. На шестмината ранети им е потребна медицинска помош во болница – соопшти прес-службата на регионалната воена управа на Доњецк.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа