ЛУКАШЕНКО ОТВОРЕНО ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА! „Направив се што можев за да не се случи тоа, само благодарение на мене почнаа преговорите.

 Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека „направил се за да ја запре војната во Украина“.

Во интервју за агенцијата АП, Лукашенко рече дека не мисли оти руската воена операција во Украина „ќе оди во оваа насока“.

– Не сум доволно длабок во овој проблем за да кажам дали се оди според планот, како што велат Русите. Сакам уште еднаш да нагласам, чувствувам дека оваа операција се одолговлекува – изјави белорускиот лидер.

Тој исто така рече дека Украина ја „провоцира Русија“ и инсистираше на тоа дека Белорусија е посветена на мирот.

– Ние категорично не прифаќаме никаква војна. Направивме сè и правиме сега за да спречиме војна. „ Искрено, благодарение на мене, преговорите меѓу Украина и Русија започнаа“,  рече Лукашенко.

Тој се запраша и зошто Украина, на чија територија се води војната, не е заинтересирана за тие преговори.

Претходно оваа недела белоруската армија најави вонредни вежби кои предизвикаа загриженост во Украина, но Лукашенко во интервју за АП тврди дека вежбите не се закана за никого.

-Никому не се закануваме, нема да се закануваме и нема да го правиме тоа. Згора на тоа, не можеме да се закануваме, знаеме кој ни се спротивставува, така што да се започне некаков конфликт, некаква војна овде на Запад апсолутно не е во интерес на белоруската држава. За да може Западот мирно да спие“, рече белорускиот претседател.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа