Погледнете како не лажат германците! ПРЕКРАСНО: Додека се „зајакнуваат“ санкциите, руската енергија се повеќе се увезува „под житото“
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ги презентираше деталите од шестиот пакет санкции против Русија поради нападот врз Украина.
Таа најави целосно крај на зависноста на Европската унија од руската нафта. Според неа, новиот пакет ќе вклучува четири различни видови санкции.
„Постепено ќе го прекинеме снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и увозот на рафинирани производи до крајот на годината“, рече фон дер Лајен, на аплауз од членовите на Европскиот парламент, пренесува Ројтерс.
Шефот на Европската комисија посочи дека новиот пакет, кој ќе биде усвоен во наредните денови, подразбира целосна забрана на увозот на целата руска нафта, и на морските и на кабелските цевководи, вклучително и сурова нафта и деривати.
„Нема да биде лесно. Некои земји-членки се во голема мера зависни од руската нафта. Но, ние едноставно мора да го направиме тоа“, рече фон дер Лајен, презентирајќи го предлогот, за кој е потребна согласност од сите 27 земји од ЕУ за да стапи на сила.