РУСКАТА ВОЈСКА ЈА НАПАДНА ОДЕСА: Нападнат аеродром, одекнуваат експлозии, сирени завиваат во градот!
Руските сили извршија ракетен напад на аеродромот во Одеса, каде пистата беше оштетена и сега е неупотреблива , соопшти денеска украинската армија.
Ројтерс јавува дека украинските медиуми, повикувајќи се на очевидци, јавуваат дека неколку експлозии одекнале во Одеса , откако се огласиле сирените за воздушниот напад.
Еден од очевидците изјави за Си-Ен-Ен дека видела најмалку еден борбен авион над Одеса.