Германскиот новинар Билд: Ќе кажам што навистина се случува во Украина, Русија ја гази украинската армија на неколку фронтови
Од почетокот на руската воена операција во Украина, западните и домашните медиуми известуваат за лошата состојба во која се наоѓа руската армија.
Голем дел од медиумите предводени од Си-Ен-Ен зборуваат за лошата состојба на руската војска, за жртвите, за непостоечките воени злосторства и за победата на Украинците.
Секако, сите тврдења на овие медиуми се краткотрајни бидејќи ваквите вести многу брзо излегуваат како неточни, но секако имаат своја функција на дезинформирање што ја засега јавноста.
Овој пат претставникот на еден таков медиум, истакнатиот новинар и уредник на германски Билд, Џулијан Ропке, реши да ја изнесе вистината од терен и да објасни каква е всушност вистинската состојба во Украина.
Тој објави на својот Твитер профил и прво испрати порака до Украинците да го разберат нивниот гнев, но дека реалноста е спротивна од она што тие и остатокот од западниот свет мислат или веруваат:
„Денес е уште еден црн ден за Украина. И колку што го разбирам вашиот гнев, драги Украинци, ќе известувам што се случува, а не што би сакале да се случи. Ќе дојдат подобри времиња, се надеваме. Но, токму сега Русија ја уништува одбраната на Украина во многу области“, напиша новинар кој добро го познава теренот.